Дома Фудбал Репрезентации Сензација на Мундијалот: Саудиска Арабија со пресврт ја победи Аргентина! 🎥

Сензација на Мундијалот: Саудиска Арабија со пресврт ја победи Аргентина! 🎥

Денешниот ден во Катар ни донесе и голема сензација. Аргентина падна на колена пред Саудиска Арабија!

Саудиска Арабија ја победи Аргентина со 1:2. Не изгледаше дека ќе видиме ваква сензација кога Меси ја доведе Аргентина во водство веднаш на стартот со гол од еден сомнителен пенал. Во продолжение од полувремето Аргентина напаѓаше и дури три гола им беа поништени поради офсајд позиција.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На полувреме се замина со 1:0 за „Гаучосите“, а тогаш на стартот во вториот дел следуваше шок како што веројанто никој не очекуваше. Ал Шехри по три минути игра во првиот дел изедначува на 1:1, а Ал Давсари четири минути подоцна со еден еврогол носи пресврт за Саудијците.

Се обидуваа Аргентинците во продолжение, но не го пронајдоа патот до мрежата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Обложувалниците веќе го прогласија Интер за шампион на Серија А

Обложувалницата Сисал  реши уште сега да почне да им исплаќа на оние кои се обложиле дека …