Дома Останати Тенис Сензација која ќе се памети: На Ѓоковиќ вакво нешто не му се случило од 2008 година!

Сензација која ќе се памети: На Ѓоковиќ вакво нешто не му се случило од 2008 година!

Елиминацијата на Новак Ѓоковиќ од Лука Нарди во третото коло на Мастерсот во Индијан Велс ќе остане запаметен како една од најголемите сензации во светскиот тенис за оваа година. За каква сензација се работи покажува тоа што на Ѓоковиќ вакво нешто не му се случило цели 16 години.

Лука Нарди, со својот ранг од 123. на АТП листата во Калифорнија пристигна како еден од пониско рангираните тенисери од кои не се очекуваше преголем успех. Со победата против Ѓоковиќ успеа да стане најниско рангиран тенисер кој го победил Ѓоковиќ на Мастерс турнир од 2008 година, време кога Новак се уште се претставуваше на светскиот тенис.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Интересно е и тоа што Нарди стана првиот “лаки лузер” што успеал да го надмудри Ѓоковиќ на АТП турнир.

Но, иако ова е големо изненадување, најголемата сензација и понатаму останува триумфот на Франциско Клаве во 2003 година, кога како 178. рангираниот тенисер успеа да го победи тогашниот светски лидер, Лејтон Хјуит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ во февруари ќе ја нападне титулата во Доха

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во февруари следната година на турнирот во…