Дома Фудбал Сензација во Минхен, Виљареал го елиминира Баерн🎥

Сензација во Минхен, Виљареал го елиминира Баерн🎥

Виљареал режираше големо изненадување и го елиминираше Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

„Жолтата подморница“ одиграа 1:1 на „Алијнац Арената“ што беше доволно за пласман во полуфиналето после победата на домашен терен.

Баерн бркаше негатива, но не создаде големи шанси во првиот дел. Сепак, Левандовски во 52-та минута погоди за водство од 1:0.

Баварците до крајот создадоа неколку шанси и бркаа втор гол за пласман во полуфиналето, но следуваше шок во 88-та минута. Морено додаде до Чукуезе, кој го матираше Ноер за 1:1 и пласман во полуфиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Србија може на БиХ во баражот, европските сили чекаат четвртфинални двојки

Во Нион од 12 часот ќе се извлекуваат двојките за баражот и четвртфиналето во Лигата на на…