Дома Останати Сенегалскиот ѕвер на дебито во ММА го прегази противникот, а сега договори нова борба

Сенегалскиот ѕвер на дебито во ММА го прегази противникот, а сега договори нова борба

Сенегалскиот борач и човек кој го привлече вниманието на ММА Оумар Кејн, познат како Руг Рунг ќе се врати во октагон.

Кејн е шампион на Сенегал во борење и на неговото деби во ММА долго се чекаше. Висок е 196 сантиметри и тежок 120 килограми, а во борењето не знае за пораз.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Дебитираше во Дакар, а од престолнината на Сенегал Кејн испрати силна порака до ММА светот. Судијата мораше да ја прекине борбата во втората рунда после страшниот налет на Кејн.

Откако така се претстави во ММА, Руг Руг сега најави нов меч во 2020 година. Договорено е на 3. април во Брисел да се бори против рускиот тешкаш Иван Романов (5-0). За рускиот борец ова ќе биде прва борба надвор од Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Погледнете ја неверојатната трка на 16-годишното момче. Коментаторот: Дами и господа, ова е историја

Австралискиот тинејџер Гут (16) трчаше 100 метри за 10,04 секунди и победи на атлетското п…