Дома Фудбал Англија Селтик му одговори на Арсенал за понудата испратена за Тирни

Селтик му одговори на Арсенал за понудата испратена за Тирни

Се чини дека ангажирањето на Киран Тирни е преоритет за Арсенал во овој преоден рок.

Пред неколку дена Топџиите на адреса на клубот од Глазгов испратија нова подобрена понуда во износ од 25 милиони фунти.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сепак, ниту тој износ нема да биде доволен за донесување на одличниот лев бек бидејќи информациите од Островот велат дека Селтик ја одбил понудата од Лондон.

Во споменатиот износ се вклучени и бонуси, додека првакот на Шкотска сака 25 милиони без бонуси.

Инаку, Тирни се уште се опоравува од повредата и се не е во комбинација за настап на натпреварот против Сараево.

Топџиите поради непласманот во ЛШ на располагање ќе има буџет од 45 милиони фунти.

Токму тоа е главната причина што нема звучни засилувања на Емирати, а до сега пристигна само младиот Бразилец Габриел Мартинели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…