Дома Фудбал Селекторот на Франција се огласи за допинг скандалот со Погба

Селекторот на Франција се огласи за допинг скандалот со Погба

Селекторот на француската репрезентација, Дидие Дешамп се огласи за скандалот со Пол Погба и според него тој не користел намрно допинг.

Пред домашните медиуми Дешамп изјави дека познавајќи го Погба е сигурен дека тоа што се случило не било по вина на Погба.

„Не можам да замислам во ниту еден момент дека Погба со намера земал допинг. Го познавам и знам дека тој не е таков човек. Неспорно е дека неговиот примерок беше позитивен, меѓутоа сигурен сум дека тоа не го направил со намера“, изјави Дешамп.

Вчера беше потврдена суспензијата на Погба од четири години која веројатно ќе значи и крај на неговата кариера бидејќи има 31 година, а во последниот период пред скандалот често беше повреден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Галијани влегува во игра за врвот на ФИГЦ, Малаго брои 13 сојузници

Дел од клубовите во Серија А го разгледуваат Адријано Галијани како кандидат за прв човек …