Дома Фудбал Селекторот на Унгарија: Варга не е во животна опасност, но за него ЕП е завршено

Селекторот на Унгарија: Варга не е во животна опасност, но за него ЕП е завршено

ВАРГА (29), напаѓачот на Унгарија, заработи страшна повреда на натпреварот на неговата репрезентација против Шкотска во последното коло од Евро групата.

Во 70. минута од натпреварот Варга при центаршут се судри со шкотскиот голман Ангус Ган. На тој дуел Ган со лакт го удри Варга во глава, а Унгарецот лежеше неподвижен.

Тренерот Марко Роси откри повеќе детали: „Варга не е во животна опасност, стабилен е и ќе биде опериран. Очигледно е дека ако продолжиме да играме на ЕП, тој повеќе нема да биде дел од тимот“.

Набргу потоа, Унгарскиот фудбалски сојуз објави: „Состојбата на Барнабас Варга е стабилна. Тој е во болница во Штутгарт, се здоби со фрактура на јаболчницата“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн ја освои „Златната топка“, но колегите го оставија без место во најдобрите 11!

Првпат од воведувањето на изборот на ФИФПРО во 2005 година, освојувачот на „Златната топка…