На Африканскиот Куп на Нации знае да има чудни ситуации, а сега незадоволство истакна селекторот на Малави, Марио Мариника.
Малави вечерва игра осминафинале, а Мариника го критикуваше организаторот и порача дека условите не се исти за сите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„За појадок не можев да земам млеко, ми кажаа дека готово и да дојдам утре. Не третираат како луѓе од втор ред. Неприфатливо е вакво нешто во денешниот свет. Сигурно нема да го видите Садио Мане како си ги пере гаќите и си ги суши на грмушка. Не се третираат сите тимови исто, ова се случува со малите репрезентации. Немаме ниту доволно храна. Но, ние сме обединети и работиме напорно“, изјави Мариника.
Во битка за свое историско четвртфинале Малави ќе игра против Мароко.