Дома Македонски спорт Мак ракомет Селекторот на кадетите нов тренер на Еурофарм Пелистер?

Селекторот на кадетите нов тренер на Еурофарм Пелистер?

Еурофарм Пелистер неодамна се раздели со данскиот стратег Ларс Валтер и Битола се во потрага по негов наследник.

Разделбата помеѓу Еурофарм Пелистер и Валтер дојде поради неуспешниот настап во Европа каде што битолчани сезоната ја завршија во групната фаза од Европската лига. Целта и очекувањата беа да играат најмалку во следната фаза од ова натпреварување.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сега како потенцијален наследник една од најпознатите фан страни на битолскиот клуб го најавува селекторот на кадетската репрезентација, Раде Стојановиќ.

„Селекторот на кадетската репрезентација на Македонија, Раде Стојановиќ е едно од имињата кое се споменува како наследник на данецот Ларс Валтер на ‘жешката’ клупа на Еурофарм Пелистер.

44 годишниот велешанец во својата ракометна кариера која ја започна со освојување на купот на Македонија токму со Рк Пелистер во 2000 г., уште има настапувано и за Тримо Требње, Голд Клуб и Горење во Словенија, Мешков Брест во Белорусија, а во Македонија покрај за Пелистер уште настапуваше и за Металург, Зонимак и Вардар ПРО.

Својата тренерска кариера ја започнува во Металург (2017-2019), па потоа три години поминува на клупата на ГРК Охрид, а мал период е тренер и во Катар“, стои во објавата на фан страна „И моето дете ќе навива за Пелистер“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…