Дома Македонски спорт Селекторот Кирил Изов го објави списокот за натпреварите со Англија и Австрија

Селекторот Кирил Изов го објави списокот за натпреварите со Англија и Австрија

Женската А репрезентација на Македонија ги започнува европските квалификации за пласман на Светското првенство што ќе се одигра во Австралија и Нов Зеланд 2023 година. Македонската селекција е во групата „Д“ со Англија, Австрија, Северна Ирска, Луксембург и Летонија.

Нашите фудбалерки првите мечеви од септемврискиот квалификациски циклус ќе ги одиграат против Англија во Саутемптон на 17. септември од 19:00 часот, додека првиот домашен меч го играме на 21. септември на Националната арена „Тодор Проески” против Австрија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалската федерација на Македонија го обезбеди хотел „Лимак“ за тимска база на нашата најдобра женска репрезентација за претстојните натпревари.

Селекторот, Кирил Изов за квалификациските дуели ги повика следните фудбалерки:

Голмани: Магдалена Лекоска (Љуботен), Суарта Речи (Асс Унитед);

Одбрана: Павлинка Николовска (Каменица Саса), Елена Панеска (Каменица Саса), Ане Бошеска (Тиверија), Јулија Живиќ (Љуботен), Положани Синдис (Асс Унитед), Теодоре Јанковска (Деспина), Катерина Милеска (Деспина), Сара Коларовска (Скопје 2014);

Среден ред: Јана Чубриновска (Деспина), Александра Марковска (Скопје 2014), Елена Петровска (Скопје 2014), Драгана Гегова (Скопје 2014), Сара Велкова (Тиверија), Наташа Андонова (Леванте, Шпанија);

Напад: Теодора Димоска (Тиверија), Јилза Максути (АСС Унитед), Радица Чонева (Сц Истатов), Рабија Дервиши (Скопје 2014), Хава Мустафа (Шкендија), Гентијана Рочи (Купс, Финска).

Кирил Изов, селектор на женската А репрезентација на Македонија:

„Не очекуваат два многу тешки натпревари против Англија на гости и дома против Австрија на отворањето од квалификациите. Ги знаеме добро квалитетите на двете селекции, посебно на Англија, која е апсолутен фаворит во групата, но верувам дека имаме сили и во рамки на нашите можности достојно ќе се обидеме да се спротивставиме на двете репрезентации. Целта е да извлечеме поволен резултат од двете пресметки. Радува фактот што на располагање ги имаме сите фудбалерки, вклучувајќи ги и интернационалките Андонова и Рочи. Имаме одличен спој на младост и искуство, оптимист сум дека ќе имаме добри квалификации. Атмосферата е одлична, сите се максимално фокусирани и мотивирани да одиграат добро за дресот со државен грб. Гледаме позитивно и веруваме дека оваа селекција може да напредува во квалификациските натпревари.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…