Дома Македонски спорт Селекторот Кирил Изов го објави списокот на повикани фудбалерки за натпреварот против Бугарија

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на повикани фудбалерки за натпреварот против Бугарија

Женската македонска А репрезентација на 5. декември во Софија ќе го одигра натпреварот од 4. коло во Лига на нации против домашната Бугарија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кирил Изов за мечот против нашиот источен сосед ги повика следните фудбалерки:

Голмани: Магдалена Лекоска (Љуботен), Ведрана Комненова (Скопје); 

Одбрана: Ана Милчевска (Самгрело, Грузија), Сара Коларовска (Скопје), Драгана Костова (Каменица Саса), Кристина Мојсоска (АС Јунајтед), Катерина Петкова (Истатов), Бојана Петкова (Љуботен), Катерина Милеска (Цевитана), Сара Ефтинџиоска (Цевитана);

Среден ред: Симона Мејер (Макаби Хадера, Израел), Радица Велкова (Тиверија), Александра Марковска (Љуботен), Елма Шемсовиќ (Скопје), Елена Петровска (Љуботен), Наташа Андонова (Леванте, Шпанија), Оливера Цоклеска (АС Јунајтед);

Напад: Гентијана Рочи (Купс, Финска), Афродита Салихи (Скопје), Рабија Дервиши (Скопје), Кристина Петрушевска (Истатов), Радица Чонева (Истатов), Илза Максути (АС Јунајтед); 

Натпреварот меѓу женските репрезентации на Бугарија и МАкедонија ќе се одигра на стадионот на Левски во Софија.  

Собирот на нашата најдобра женска селекција е закажан за 3. декември во Скопје. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ФИФА заборави на едно правило кое јасно покажува дека Хрватска била оштетена

Испаѓањето на Хрватска од Светското првенство по натпреварот против Португалија е главна т…