Дома Фудбал Лига на шампиони Сеир на сметка на Рамос: За каде се „исчисти“?

Сеир на сметка на Рамос: За каде се „исчисти“?

Реал Мадрид вечерва изгледаше немоќно против Ајакс на „Сантијаго Бернабеу“.

Иако домаќините пред натпреварот важеа за фаворити на „Сантијаго Бернабеу’ после 90 минути Ајакс однесе победа о 4:1.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Веднаш после завршувањето на натпреварот започна и фаќањето сеир на капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос. Капитенот на Реал Мадри ќе потсетиме во првиот натпревар против Ајакс намерно заработи жолт картон за да го пропушти реваншот и да влезе „чист“ во четвртфиналето. Меѓутоа во четвртфиналето ќе оди екипата од Амстердам.

„Да, вистина е намерно добив жолт картон поради резултатот. Понекогаш јас одлучувам и во моментите на теренот донесов таква одлука. Ќе навивам за својот тим од трибините“, изјави Рамос после првиот натпревар во Амстердам.

Ќе потсетиме, УЕФА поради ваквиот потег го казни Рамос со дополнителна суспензија од еден натпревар.

Сепак, веруваме дека после натпреварот вечерва тоа е најмал проблем за капитенот на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …