Дома Фудбал Сезоната на Елмас во Наполи оцената со „6-ка“

Сезоната на Елмас во Наполи оцената со „6-ка“

Изминатата сезона за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше најдобра во дресот на Наполи од неговото доаѓање.

Елмас беше дел од 46 натпревари и на Наполи и во нив успеа да постигне седум гола и да подели пет асистенции. Таквиот учинок на Елмас беше доволен за да биде оценет со просечна оценка „6-ка“.

Ваквата оценка е најмногу поради тоа што Наполи не освои трофеј сезонава, па оценките кај сите фудбалери не се високи.

Најдобро оценети во редовите на Наполи се Џовани Ди Лоренцо (8,5), Марио Руи (7,5) и Виктор Осимен (7).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…