Џошуа Шо, 27-годишен член на тимот ангажиран од Грин Беј Пакерс да го реновира Ламбо Филд, кој според многумина е најпознатиот стадион во САД, загина во бизарна несреќа.
Тој со колегите работел на поправка на семафорите, кога се случила сообраќајна несреќа во која бил „заробен“ седум минути.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
И покрај брзата реакција на пожарникарите кои успеале да го извлечат, тој набргу починал.
Иако несреќата се случи на 15 јуни, а Шо им подлегна на повредите два дена подоцна, информацијата за неговата смрт официјално ја потврди Марк Марфи, претседателот на Пакерс, две недели откако се случи трагедијата:
„Џошуа Шо, столар задолжен за работата на Лембо Филд, го загуби животот додека работеше на семафорот“, напиша Марфи на официјалната веб-страница на гигантот од Висконсин.
Earlier this month – a construction worker, Joshua Shaw, passed away in a tragic accident while working on the Lambeau Field construction project.
— Kyle Malzhan (@KyleMalzhan) June 25, 2023
There was this beautiful message left at Lambeau Field in remembrance. (Photo shared via Alex Johnson/FB) pic.twitter.com/Gsme0O29g6