Дома Фудбал Останато Седум гола на Велодром: Не играј со Монако на гол повеќе – сигурно ќе загубиш!

Седум гола на Велодром: Не играј со Монако на гол повеќе – сигурно ќе загубиш!

Во француската прва фудбалска лига оваа сезона постои едно правило: Никогаш не играј со Монако на гол повеќе – сигурно ќе загубиш.

Во таква авантура на Велодром синоќа се впушти Марсеј, кој во три наврати успеваше да ја стигне предноста на екипата од Леонард Жардим, но не и четвртиот пат, па четвртфиналето од Купот на Франција замина Монако со вкупни 3:4.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кнезовите одиграа уште едно продолжение во националниот куп и повторно го надмудрија својот противник, а синоќешниот доста храбро му се спротивстави на лидерот од француското првенство, но факт е дека не му е дораснат.

Џокерот на Олимпик Марсеј беше Реми Кабела, кој влезе во игра во 77 минута, се избори за продолжение, а потоа и изедначи во 110 минута. Сепак, Монако на секој налет на домаќинот го имаше вистинскиот одговор, а така беше и три минути подоцна, кога Лемар играта ја круниса со перфектна акција за својот тим и дефинитивно го скрши отпорот на Марсеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Видиќ или Ван Дајк? Џон Тери нема дилеми!

Од доаѓањето на Вирџил ван Дијк во Ливерпул се појавија бројни статистики и споредби со Не…