Mунтари постигнува гол? Не, нема гол!
Милан денес тешко може да му се спротистави на Јувентус. Многумина ќе кажат дека „старата дама“ има протекции кај судиите. Пред седум работите не беа како денес…
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Токму на 25-ти февруари Милан и Јувентус играа натпревар кој имаше огромно значење за шампионската титула. „Росонерите“ пред големото дерби на „Сан Сиро“ имаа еден бод предност.
On This Day In 2012: One of the biggest robberies in football history took place. Muntari's ghost goal that was a huge turning point in the Scudetto race.pic.twitter.com/0rMcHxpl71
— TheMilanBible (@TheMilanBible) February 25, 2019
Милан водеше 1:0 со голот на Ночерино во 15-тата минута и беше на пат да запише победа кој им беше потребна бидејќи имаше натпревар повеќе од црно белите.
Тогаш во 25-тата минута се случи една од најголемите судиски грешки во поновата фудбалска историја, а многумина оваа ситуација ќе ја наречат и кражба. Фелипе Мексес скокнува после еден корнер и со глава ја упатува топката кон голот.
Играчите на Милан веќе тргнаа да слават, но судијата Паоло Таљавенто сметаше дека топката не ја минала гол линијата или пак не сакаше да види. Неговиот помошник Ромањоли не го поправи иако стоеше во линија и сите од таборот на црвено-црните беа во огромно неверување.
On this day in 2012, Alessandro Matri scored the equalizer in Juventus’s 1-1 draw with Milan in the Serie A. pic.twitter.com/8TK8cv2jYW
— Khaled Al Nouss (@khaledalnouss1) February 25, 2018
Буфон и останатите играчи на Јувентус после натпреварот тврдеа дека се случувало многу брзо и не можеле да забележат, иако топката беша 30-40 сантиметри зад линијата.
Јувентус подоцна го изедначи резултатот со голот на Матри, а на крајот и го освои Скудеото кое тогаш за овој клуб беше прво после скандалот Калчополи.
Тоа воедно беше и последната сезона во која Милан како актуелен шампион беше вистински конкурент за освојување на Скудетото. Дури сега Џенаро Гатузо изгледа конечно ги враќа во живот.
Веројатно и денес има такви кои ќе кажат дека овој гол ја промени италијанската фудбалска историја и веруваат дека Јувентус доколку таа година не ја освоел шампионската титула можеби денес не би бил така доминантен.