Дома Фудбал Италија „Седмица“ од Милан за Торино, Јувентус го доби Сасуоло, дербито за Интер 🎥

„Седмица“ од Милан за Торино, Јувентус го доби Сасуоло, дербито за Интер 🎥

Вечерва во италијанската Серија А се играа натпревари од 36. коло.

Екипата на Милан беше најубедлива и го победи Торино со високи 0:7. Голеадата „росонерите“ ја започнаа во 19. минута кога Тео Ернандез го отвори резултат, седум минути подоцна Кеси зголеми на 0:2. Со овој резултат се замина и на полувреме. Во второто полувреме „росонерите“ постигнаа дури пет гола во мрежата на Торино. Стрелаа: Ребиќ (три пати), Ернандез уште еднаш и Брахим Диаз.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интер и Рома го играа дербито на вечерта кое на крајот заврши со победа на „неораѕурите“ од 3:1. Три гола на овој натпревар ги видовме во првото полувреме. Интер преку Брозовиќ и Весино поведе со 2:0, а Микхтаријан го постигна голот за Рома. Единствениот во првото го постигна Лукаку во последните моменти од натпреварот.

Јувентус не си дозволи разочарување и го победи Сасуоло на гости со 1:3. Важен момент за „старата дама“ во овој натпревар беше одбранетиот пенал на Буфон во почетните минути. По тој одбранет пенал на Буфон Рабио и Роналдо стрелаа во мрежата на Сасуоло. Распадори намали на 1:2 во вториот дел, а Дибала ги постави конечните 1.3.

СЕРИЈА А РЕЗУЛТАТИ: Аталанта – Беневенто 2:0, Болоња – Џенова 0:2, Интер – Рома 3:1, Лацио – Парма 1:0, Сампдорија – Специја 2:2, Сасуоло – Јувентус 1:3, Торино – Милан 0:7.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мбапе е генијалец: Погледнете го „лудиот“ дриблинг против Лориен 🎥

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе беше стрелец на два гола за ПСЖ во натпреварот против Ло…