Дома Македонски спорт Мак фудбал Седлоски: Во Скопје одигравме одлично, но сега треба да бидеме уште подобри

Седлоски: Во Скопје одигравме одлично, но сега треба да бидеме уште подобри

Денес тимот на Шкупи го игра реваншот против Лапи и има одлична предност од првиот натпревар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шкупи на Арената „Тодор Проески“ пред една недела го победи Лапи со 2:0 и сега се очекува во Приштина да ја доврши работата.

„Во Скопје одигравме 90 одлични минути, тука треба да бидеме уште подобри. Лапи е еден квалитетен тим и го покажа тоа на првиот натпревар. Имаме предност, но им кажав на фудбалерите дека барам да играат како да е 0:0. Стоиме цврсто на земја и сме внимателни“, изјави Седлоски.

Натпреварот се игра со почеток од 20:00 часот на стадионот „Фадиљ Вокри“.

Фото: ФК Шкупи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…