Попладнево Шкупи одигра пријателски натпревар против турскиот гигант Бешикташ.
Бешикташ ја оправда фаворитската улога и славеше со 3:0. Тренерот Гоце Седлоски после натпреварот се заблагодари на Бешикташ за гостпримството.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Ова беше добар натпревар против голем тим каков што е Бешикташ. Благодараност до претседателот кој ни овозможи еден ваков натпревар на прекрасен стадион. Нормално, во вакви натпревари сите добија шанса. Бешикташ заслужено победи, тие се тим со многу квалитени играчи. Сакам да им се заблагодарам за гостпримството во текот на нашиот престој во Истанбул“, изјави Седлоски за клупскиот сајт.
Фото: ФК Шкупи