Дома Фудбал Репрезентации Сега и потврдено: Кој ќе ја пополни „дупката“ во француската одбрана на Мундијалот?

Сега и потврдено: Кој ќе ја пополни „дупката“ во француската одбрана на Мундијалот?

Уште едно звучно име сигурно го пропушта Мундијалот.

Денес и официјално беше потврдено дека Лоран Кошчиелни ја оперирал Ахиловата тетива и дека го очекува шест месеци паузи. Капитенот на Арсенал на терените ќе се врати дури кон средината на следната сезона, а со оглед на заминувањето на Мертезакер во пензија, значи дека „топчиите“ сигурно ќе мораат да се засилуваат во одбраната.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кошчиелни беше планиран како сигурен репрезентативец, но сега селекторот Дидие Дешам мора да му пронајде замена. Тандемот во француската одрбана со сигурност на СП ќе го сочинуваат Самуел Умтити и Рафаел Варан, а остану да се види кој ќе биде нивна алтернатива.

До тој статус во овој момент најблиску се Кимбампе од Пари Сен Жермен и Емерик Лапорт од Манчестер. Останатите опции се Адил Рами (Марсеј) и Курт Зума (Стоук).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…