Дома Фудбал Репрезентации Сега и официјално: Рајан Гигс нов селектор на Велс

Сега и официјално: Рајан Гигс нов селектор на Велс

Она што се најавуваше сега е и официјално.

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс е нов селектор на репрезентацијата на Велс.

Гигс на селекторската позиција на Велс ќе го наследи Крис Колмен, а во трката успеа да ги победи Крег Белами и Осијан Робертс кој му беше асистент на Колмен.

Ова ќе биде прва самостојна работа за Гигс бидејќи кон крајот на сезоната во 2013/2014 година после смената на Дејвид Мојс беше тренер-играч на Јунајтед на четири натпревари, а потоа му беше асистент на Луис Ван Гал.

Гигс целата своја кариера ја помина во Манчестер Јунајтед за кого настапуваше 14 сезони и освои 34 трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Швајцарија подготвена за нова победа против Македонија

Швајцарија ја пречекува Македонија во Лузерн во рамките на Лигата на нации, со амбиции за …