Дома Фудбал Италија Сега и официјално: Паоло Малдини се врати во Милан!

Сега и официјално: Паоло Малдини се врати во Милан!

Тоа што утрово го најавија италијанските медиуми сега доби и официјална потврда – Паоло Малдини се врати во Милан.

Легендата на клубот после цели 9 години се враќа во Милан и доби директорска функција. Италијанскиот клуб денес преку официјално соопштение потврди дека Малдини ќе ја извршува функцијата директор за стратегија и развој на клубот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Немам зборови за да опишам што значи Паоло Малдини за Милан. Ми беше привилегија да го гледам како игра и освојува безброј трофеи. Чест ми е што ќе можам да работам со него. Неговите лидерски способности и искуство ќе ни бидат од огромна корсит, исто како и неговата пасија и енергија. Неговото назначување е дополнителен знак за посветеноста на Елиот да се изгради солидна основа за долгорочен успех. Тоа нема да биде лесно и ќе ни треба време, но имаме амбициозни цели и ангажманот на Поало Малдини е важен чекор кон враќање на Милан на славните патеки“, изјави претседателот на клубот, Паоло Скарони.

За утре во 16:30 часот е закажана пресконференција на која Малдини ќе биде претставен како нов висок функционер на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Артета: Размислувам за враќање во Шпанија

Шанса да ја освои титулата сезонава има и Арсенал со Микел Артета, а трката ќе биде отворе…