Дагестанско – рускиот борец верува дека ќе присуствуваат 100.000 навивачи ако договори борби со легендарниот Американец.
Повеќе нема дилеми дека на борба Кабиб Нурмагомедов – Флојд Мејведер веќе се работи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, Дагестанецот на својот Инстаграм профил објави важна вест дека е постигнат договор со боксерската федерација на Русија и тоа со генералниот секретар Умар Кремљлиeв. Како што Кабиб потврди борбата би требало да се одржи на „Лужњики“ во Москва.
„Денес се сретнав со генералниот секретар на Руската боксерска федерација, Умар Кремљиев и разговаравме за борба со Флојд Мејведер. Наша желба е борбата да се одржи на легендарниот стадион „Лужњики! Сигурни сме дека 100.000 навивачи би ја исполниле салата и дека ќе поставиме светски рекорд за ТВ преноси. Најважно ми е и што мојот татко ќе биде во аголот, бидејќи за Москва не ми е потребна виза. А сега прашање за моите навивачи: Дали верувате во мене? Или мислите дека ќе ме разбие во бокс?“, напиша УФЦ шампионот на својот Инстаграм профил.
б,