Том Брејди објави дека се пензионира. Како што вели и самиот сега е навистина засекогаш.
„Добро утро на сите, ќе навлезам директно на главното. Заминувам во пензија. Засекогаш.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Знам дека сето тоа предизвика голема возбуда минатиот пат и кога се разбудив утрово помислив – само ќе го притиснам копчето за снимање и прво вас ќе ве известам.
Можеш да се пензионираш со толку многу емоции само еднаш, а јас веќе го искористив тоа минатата година.
Ви благодарам многу на сите. На секој од вас. До моето семејство, пријателите, соиграчите, ривалите. Би можел така да набројувам засекогаш. Ви благодарам што ми дозволивте да го живеам мојот сон. Не би менувал ниту една работа. Ве сакам сите“, рекол Брејди во видео пораката.
По 23 неверојатни сезони, седум освоени шампионски титули и три награди за најдобар играч на сезоната, пет награди за МВП на Суперболот, бројни поставени и соборени рекорди, заврши една ера.
Truly grateful on this day. Thank you 🙏🏻❤️ pic.twitter.com/j2s2sezvSS
— Tom Brady (@TomBrady) February 1, 2023