Сликата како Меси дрибла низ одбраната на Интер и го мести голот на Луис Суарез сигурно предизвикаа страв во Андалузија. Аргентинецот изгледа како да се враќа во најдобрата форма.
Меси се уште не постигнал гол оваа сезона во која има големи проблеми со повредите. Асот на Барса веќе е 210 минути на теренот без гол, но пред него е продивник кој и тоа како му „лежи“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, Лионел Меси против Севиља постигнал повеќе голови отоколку против било кој друг тим. Севиља е негова омилена жртва – на 37 натпревари против Андалузијците постигна 36 голови (по гол на 61 минута).
После Севиља омилени „муштерии“ на Меси се Атлетико Мадрид (29), Валенсија (27), Реал Мадрид (26), Еспањол (25).
Во Севиља се уште се сеќаваат на минатогодишниот хет-трик на Меси на „Рамон Санчез Писхуан“.
Јасно е дека Јулиен Лопетеги мора да направи план да го запре Меси во спротивно тешко дека неговата Севиља ќе има шанси.