Дома Топ вести Севилја го реши Реал за 45 минути, „отпишаниот“ од Милан стрелец на два гола (ВИДЕО)

Севилја го реши Реал за 45 минути, „отпишаниот“ од Милан стрелец на два гола (ВИДЕО)

real sevilla

После Барселона вечерва лошо помина и Реал Мадрид.

Како што е познато Барселона денес забележа пораз од Легнаес со 2:1 и тоа откако на полувреме имаше предност од 0:1. Веднаш по завршувањето на тој натпревар се сретнаа Реал Мадрид и Севилја.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Севилја го пречека европскиот шампион и уште во 17-тата минута преку Андре Силва стигнаа до предност, а четири минути подоцна фудбалерот кој имаше разочарувачка сезона постигнува нов гол за удвојување на предноста. После нешто повеќе од 20 минути Реал имаше негатива од 2:0.

На шест минути пред крајот следуваше нов шок за „кралевите“. Бен Једер постигнува погодок за веќе високи 3:0. Тоа беше и резултатот со кој се замина на полувремето.

Реал во вториот дел успеа да постигне погодок и тоа преку Лука Модриќ кој неодамна беше прогласен за најдобар играч од страна на ФИФА, меѓутоа голот на Хрватот беше понишен после реакцијата на ВАР.

Освен овој со право поништен погодок, „кралевите“ не успеаа да постигнат нов, Бејл пропушти 100% прилика, па Севилја ги однесе трите бода со убедлива победа од 3:0.

После шестото коло и Реал и Барселона имаат по 13 освоени бодови, зад нив следуваат Атлетико Мадрид со 11 и Севилја со 10.



Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дерби на денот: На кого „милионите“ ќе му донесат среќа?

Денес продолжуваат полуфиналните дуели од Лигата на шампиони, па очите на фудбалска Европа…