Дома Фудбал Италија Светскиот шампион ја донираше цела премија од Мундијалот: За нас тоа се малку пари, за некого многу значат

Светскиот шампион ја донираше цела премија од Мундијалот: За нас тоа се малку пари, за некого многу значат

Францускиот фудбалер од редовите на Јувентус Блес Матуиди не е само одличен фудбалер, туку и голем човек.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Матуиди на последното Светското првенство со Франција го освои првото место, што му донесе бонус од 330.000 евра. Фудбалерот одлучи целата премија да ја донира во хуманитарни цели, поточно во организација за помош на децата.

„Заработуваме многу пари, таа сума за нас воопшто не е многу, а за некого тие пари се многу важни. Најважно е се што ќе биде дадено, да биде дадено од срце“, изјави Матуиди.

И самиот Матуиди основаше организација која учествуваше во обновување на домови на загрозените семејства во главниот град на Домениканската Република Конго.

Ќе потсетиме Матуиди, во Јувентус настапува од летото 2017 година. Претходно го носеше дресот на ПСЖ и Сент Етјен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Норвешка во САД донесе 300 кг риба, 116 кг сирење, 6000 портокали

Норвешката фудбалска репрезентација веќе ја привлече јавната вниманието со креативните нас…