Дома Фудбал Репрезентации Светскиот вицешампион понижен во Елче: Шпанија – Хрватска 6:0! (видео)

Светскиот вицешампион понижен во Елче: Шпанија – Хрватска 6:0! (видео)

Уште вечерва имавме прилика да уживаме во Лигата на Нации од утре фудбалерите се враќаат во своите клубови.

Во последниот ден го видовме и најизненадувачкито резулат. Шпанија ја победи Хрватска со 6:0!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Хрватите играа добро само во првите 15 минути, а пота следуваше вистински потоп од „Фуријата“. Саул ја отвори голеадата во 24 минута послеа асистенција од Карвахал, потоа на сцена потоа на сцена стапи Марко Асенсио. Прво постигна гол во 33-тата минута, а потоа две минути подоцна после неговиот шут топката ја погоди пречката, па од грбот на голманот Ловре Калиниќ заврши во мрежата.

Во вториот Шпанците продолжија во ист ритам. Родриго во 49-тата минута погоди за 4:0, Рамос во 57-та ја продолжи голгетерската низа во шпанската репрезентација, за конечните 6:0 да ги постави Иско во 70-тата минута и тоа после третата асистенција на натпреварот на Марко Асенсио.

Ова и тоа како е голема победа ако се знае дека Хрватите се светски вицешампиони од пред само неколку месеци, а вечерва настапија во „горе-долу“ најсилниот состав.

Во останатите натпревари Белгија го победи Исланд со 3:0 во истата лига А, Босна запиша минимална победа над Австрија во Лигата Б, Финска и Унгарија запишаа победа во Ц лигата, додека во нашата Д лига Молдавија и Белорусија одиграа реми без голови, а Луксембург со 3:0 го совлада Сан Марино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…