Очите на целиот фудбалски свет ќе бидат вперени кон Катар, каде вечерва ќе се одржи ждребот за Мундијалот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ждрепката ќе се одржи од 18 часот по наше време, каде 32 репрезентации ќе бидат распоредени во 8 групи.
Правилата на ждрепката се многу едноставни, а вреди да се нагласи дека А1 позицијата автоматски ќе ја добие домаќинот Катар кој е во првиот барабан, а потоа ќе бидат извлечени сите останати репрезентации.
Во моментот на ждребот ќе бидат познати 29 од 32 учесници на Светското првенство. Интерконтиненталните баражи ќе се играат на 13/14 јуни каде се чека подобриот од дуелот меѓу Костарика и Нов Зеланд, како и Перу и победникот од мечот ОАЕ – Австралија. Во Европа, Велс се уште го чека подобриот од дуелот меѓу Шкотска и Украина.
