Дома Фудбал Англија Свен Горан Ериксон за борбата со ракот: Веројатно нема да победам во оваа битка…

Свен Горан Ериксон за борбата со ракот: Веројатно нема да победам во оваа битка…

Свен Горан Ериксон во јануари објави дека води битка со ракот на панкреасот и дека докторите му предвидуваа уште најмногу една година живот.

Легендарниот 76-годишен фудбалски стручњак в сабота во хуманитарен натпревар ќе ги води легендите на Ливерпул против легендите на Ајакс, а самиот пред да биде договорен овој натпревар истакна дека негов неисполнет сон е да го води Ливерпул.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во интервју за англиските медиуми, Ериксон зборуваше за својата болест.

“Учиш да го цениш будењето наутро и да се чувствуваш добро. Во нормални околности не го правиш тоа. Мислиш дека тоа е нормално. Кога ми го открија ракот беше шокантно, но по некое време учиш да живееш со тоа“, рече Ериксон.

За себе вели дека не размислува премногу за својата болест и дека се труди да ужива во секој момент.

„Денес имам нормален живот, не размислувам што може да се случи утре. Во спротивно, се чувствувате лошо. Не зборувам премногу за ракот. Тоа е она што, не можеме ништо. Веројатно нема да победам во оваа битка, но секако животот е убав“, изјави Ериксен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Премиерлигаш со ултиматум до хрватски клуб: Бара да го променат логото!

Англискиот премиерлигаш Брајтон & Хоув Албион испрати писмо до хрватскиот нисколигаш …