Дома Фудбал Репрезентации Саутгејт потврди: Стерлинг се враќа во Англија, некои работи се поважни од фудбалот

Саутгејт потврди: Стерлинг се враќа во Англија, некои работи се поважни од фудбалот

Рахим Стерлинг вчера не беше дел од победата на Англија против Сенегал, а селекторот Герет Саутгејт не знае дали тој воопшто ќе се врати на турнирот.

Пред натпреварот се шпекулираше дека Стерлинг се враќа во Англија, тоа го потврди Саутгејт на прес-конференцијата по натпреварот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Има работи кои се поважни од фудбалот. Да, Стерлинг се враќа во Англија. Ќе му биде потребно време со неговото семејство да се справи со тоа што му се случи и не сакам да му ставаме дополнителен притисок.

Дали ќе се врати? Не знам. Во овој момент приоритет е да биде со неговото семејство“, изјави Саутгејт.

Не е потврдено, но медиумите меѓу кои е и „Би-Би-Си“ пренесуваат дека во домот на Стерлинг влегле крадци додека целото семејство било внатре. Засега не се откриваат повеќе информации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…