Дома Фудбал Саутгејт беше прашан дали ќе поднесе оставка. Еве што одговори

Саутгејт беше прашан дали ќе поднесе оставка. Еве што одговори

Шпанија по четврти пат во историјата стана европски шампион. Шпанците ја победија Англија со 2:1 во финалето на ЕП одиграно на Олимпискиот стадион во Берлин.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За Шпанија ова е рекордна четврта европска шампионска титула, по 1964, 2008 и 2012 година, додека Англија се уште е без континентална титула, ова е втор последователен пораз во финалето, пред три години на Вембли, Италија беше поуспешна на пенали.

Иако Герет Саутгејт ја предводеше Англија до две еврофиналиња по ред, не е мал бројот на жестоки критичари кои го бркаат од англиската клупа. Веднаш по поразот од Шпанија, Саутгејт беше запрашан од новинарите на ИТВ дали ќе поднесе оставка.

“Мислам дека сега не е вистинското време да ја донесам таа одлука. Морам да разговарам со вистинските луѓе. Се уште не би зборувал за тоа”, изјави Саутгејт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за Нагелсман: Заврши Мундијалот за еден од најважните фудбалери на Германија!

Германската репрезентација успешно ги заврши првите две натпревари од групната фаза на Све…