Саул Нигез во последниот ден од преодниот рок го напушти Атлетико Мадрид и се пресели во Челзи.
Шпанецот не беше задоволен од тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, кој го играше надвор од неговата природна позиција и побара трансфер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челзи го доведе на едногодишна позајмица со право на откуп. Меѓутоа, работите не се одвиваат добро за Саул, кој ретко добива шанса во Челзи и е незадоволен.
Томас Тухел не е импресиониран од Шпанецот, кој не може да се навикне на животот во Англија, ниту пак на стилот на игра на „сините“.
Поради тоа Челзи сака да ја прекине позајмицата и уште во јануари да го врати во Атлетико, а „јорганџиите“ се спремни да го позајмат на друг заинтересиран клуб.