Францускиот репрезентативец и напаѓач на Астон Вила Муса Дијаби (25) кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.
Играчот кој израсна во Пари Сен Жермен, а играше и во Баер доаѓа во Ал Итихад откако клубовите договорија трансфер вреден 60 милиони евра. Тој ќе потпише договор на пет години.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Дијаби има само 25 години и е подготвен да ги помине своите најдобри фудбалски години во клуб кој минатата сезона го зазеде само петтото место во тамошниот шампионат.
Со новиот тренер Лоран Блан и соиграчите како Карим Бензема, Н’Голо Канте, Фабињо ќе се обидат да го подобрат тој резултат.
Минатата сезона Дијаби одигра 54 натпревари за Астон Вила, повеќето од нив, на позицијата напаѓач. Тринаесет пати беше користен како офанзивен играч за врска, а осум пати на десно крило. Учествуваше со 10 гола и девет асистенции.