Дома Македонски спорт Саудијците го сакале и Барди: Во Трабзон им се насмеале на понудата!

Саудијците го сакале и Барди: Во Трабзон им се насмеале на понудата!

Според информациите на турските медиуми, неименуван клуб од Саудиска Арабија се обидел да го доведе Енис Барди, меѓутоа понудата која тие ја испратиле била смешна.

Навикнавме Саудицјите во изминатиот период да се расфрлаат со милиони за големите европски фудбалери, но за првиот човек на Трабзон она што го понудиле за македонскиот репрезентативец било смешно. Имено, тие сакале да го земат Барди на позајмица на една година и за таа позајмица да платат 300.000 евра.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Турскиот клуб експресно ја одбил понудата и пораката била дека единствениот начин да се согласат да го продадат Барди е да платат најмалку четири милиони евра. Барди во претходниот период се поврзуваше со заминување од Трабзонспор, а во игра беа клубови како Жирона, Торино, Хал и ЛА Галакси.

Во Трабзонспор, Барди дојде минатото лето од Леванте по испаѓањето на шпанскиот тим во вториот ранг од шпанскиот фудбал, а за неговите услуги Турците платија сума од три милиони евра. Претходно дресот на Леванте го носеше цели пет години по пристигнувањето од Ујпест.

Инаку, во Саудиска Арабија во овој момент има двајца Македонци, Дарко Велковски во редовите на Ал Етифак и Александар Трајковски во Ал Фехја, се очекува и Езгјан Алиоски да се врати во Ал Ахли по позајмицата во Фенербахче.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Кикбоксот има 6 номинации од вкупно 6 категории за индивидуалниот македонски спорт

Оваа година Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија може да се пофали со извонреден успе…