Саудиските милиони како што изгледа за првпат ќе влезат и во италијанскиот фудбал.
Италијанските медиуми пренесуваат дека селекторот Роберто Манчини лобирал саудискиот фонд да го купи неговиот поранешен клуб Сампдорија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Манчини разговарал со кралското семејство да инвестираат во Сампдорија која во овој момент се натпреварува во Серија Б и лошо ја започна сезоната.
Сопственици на клубот во овој момент е Андреа Радричани и Матео Манфредини. Медиумите пренесуваат дека и Манфреди ги остварил првите контакти за продажба на неговиот пакет акции. Идејата на Манфреди е Сампдорија да биде дел од „мрежата“ што фондот од Ријад креира низ светот.
Средба помеѓу принцот Мохамед Бин Салман и Италијанците би требало да се одржи во декември.