Дома Фудбал Англија Сари сруши рекорд во Премиер лигата: Влегов во историјата, пресреќен сум!

Сари сруши рекорд во Премиер лигата: Влегов во историјата, пресреќен сум!

sari

Иако со ремито против Евертон, Челзи испушти прилика за беспрекорен старт, непоразеноста на тимот од Лондон на Маурицио Сари му донесе посебен статус.

Италијанецот веќе е запишан историјата на Челзи, а успехот е поголем ако знаеме какви легенди работе во Премиер лигата.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Наполи остана непоразен во првите 12 натпревари во Премиер лигата и така го сруши рекордот од 11 натпревари без пораз на Франк Кларк на кого тоа му успеа во 1994/1995 година со Нотингем Форест.

„Влегов во историјата, што можам да кажам? Многу сум горд“ , изјави Сари за официјалната страна на Челзи.

„Морам да му се заблагодарам на клбуот што ми даде одличен тим. Благодарен сум исто така и на играчите, но и на сите во стручниот штаб. Сепак, против Евертон повеќе сакав да освоиме три бода“, истакна стратегот на „сините“.

Ако се смета пак било која фаза од првенството Сари 32-иот тренер кој врзал 12 натпревари без пораз, но единствен го прави тоа што му успеа на отварањето на првенството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Проблеми за Реал пред „Ел Класико“

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор би можел да го пропушти дербито меѓу Барселона по…