Дома Фудбал Италија Сари призна: Направив глупост, се изгубив со тие пет измени

Сари призна: Направив глупост, се изгубив со тие пет измени

Јувентус се пласираше во финалето од италијанскиот куп и тоа откако вчера во Торино одигра 0:0 со Милан. Првиот натпревар заврши 1:1 па Јувентус поради голот на гости помина во финалето.

Роналдо во 16. минута од натпреварот промаши пенал, а една минута подоцна Анте Ребиќ доби црвен картон поради фаул над Данило. Милан со десет играчи не успеа сериозно да му се закани на Јувентус.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Пријатно сум изненаден како игравме, посебно во првиот половина час. Чудно беше без гледачи, но мислам дека добро комбиниравме, не беше лошо. После црвениот картон несвесно се опуштивме, но добра работа е што не му дозволивме на Милан да игра. Ќе ни треба време да влеземе во ритам. Кога ова би го споредил со предсезоната, би кажал дека сме на ниво како на почетокот на едни летни припреми во јули“, изјави Сари.

Тимовите поради згуснатиот распоред можат да користат пет измени во еден натпревар, а Сари во 62. минута направи три.

„Направив глупост. Малку се изгубив со тие пет измени. Не ги распределив добро и направив три одеднаш, тоа можеше да биде лошо затоа што се наруши ритамот на тимот. Морам тоа малку подобро да го испланирам“, призна Сари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…