Дома Фудбал Италија Сари пред превземање на нов клуб од Серија А

Сари пред превземање на нов клуб од Серија А

Maурицио Сари наводно е блиску до превземање на екипата на Фиорентина, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанскиот тренер минатата сезона беше шампион со Јувентус, но поради лошата атмосфера во соблекувалната и неуспехот во Европа клубот го оптпушти, а за негов наследник го назначи Андреа Пирло.

За Сари да стане тренер на Фиорентин мора прво да се договори за раскинување на договорот со Јувентус. Сари има договор со Јувентус уште две години и според истиот треба да заработи 11 милиони евра. Наводно двете страни се блиску до договор, па откако Сари ќе стане слободен ќе биде достапен за Фиорентина.

Фиорентина во овој момент ја предводи Џузепе Ланчини, меѓутоа слабиот старт ги разочара навивачите кои очекуваат веднаш промена за да не се случи клубот да стравува за опстанокот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Почина легендарниот Кевин Киган

Легендарниот поранешен фудбалер на Ливерпул и поранешен менаџер на Њукасл и Англија, Кевин…