Дома Фудбал Италија Сари потврди: Добро сте слушнале, дознав дека сум отпуштен преку ТВ!

Сари потврди: Добро сте слушнале, дознав дека сум отпуштен преку ТВ!

sari

Maурицио Сари ова лето стана менаџер на Челзи и на почетокот на сезоната му оди одличното, Италијанецот има „четири од четири“ победи.

Овој одличен стратег минатата сезона го водеше Наполи до втората позиција во Италија, скоро цела сезона солидно му парираше на силниот Јувентус, но на крајот доби отказ.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Уште поневеројатен е начинот на кој Сари дознал дека повеќе не е тренер на италијанскиот клуб.

„Да, добро сте слушнале. Дека не сум тренер на Наполи дознав од телевизија. Се сомневав, тоа е фер, но постоеше клазула во договорот и тоа не е нешто што го барав. Тоа не се случи во вистинско време. Сега се надевам дека Анчелоти ќе го направи она што јас не успеав минатата сезона, а бев блиску“, изјави Сари.

Сигурно дека Де Лаурентис доведе фантастичен тренер да го замени Сари, но впечаток е дека сопственикот на италијанскиот клуб не се однесувал фер кон Сари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…