Јувентус вчера пред своите навивачи го победи Атлетико Мадрид со 1:0, а херој во победата беше Паоло Дибала.
Одлучувачкиот момент вчера се случи во судиското продолжение од првото полувреме. Тогаш Дибала изведе слободен удар од една тешка позиција и постигна спектакуларен гол.
#JuveAtletico #Dybala che goal #Juventus pic.twitter.com/sfNY3XXBpT
— sergidemo ⚘ (@sergidemo) November 26, 2019
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Аргентинецот игра во фантастична форма и во последно време се повеќе добива доверба од Маурицио Сари. После натпреварот тренерот Јувентус призна дека не очекувал Дибала од таму да шутира директно.
„Дибала постигна гол од позиција од која никој не очекувате. Првата работа која ќе си ја помислите е: Кој ку*ац шутираш од таа позиција, тоа и јас го помислив во тој момент. Сепак, направи нешто неверојатно и публиката го награди. Одигра супер натпревар и постигна маестрален гол“, изјави Сари.
"Why the F*** are you shooting?!”
— Forza Juventus Videos (@ForzaJuveVids) November 27, 2019
Maurizio Sarri was all of us watching Paulo Dybala hit that free-kick past Atletico last night… [Sky] pic.twitter.com/lZyvNDNyzQ