Дома Фудбал Италија Сари има алтернатива доколку не успее да го донесе Пол Погба

Сари има алтернатива доколку не успее да го донесе Пол Погба

Сари официјално беше претставен како нов тренер на Јувентус. Италијанецот потпиша договор со колубот од Торино на три години, а сега тргнува со плановите за составување на екипата за наредната сезона.

Кристијан Ериксен веќе изјави дека е отворен за напуштање на Тотенхем ова лето, а Јувентус сака да направи потег и да го донесе Данецот во своите редови.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


27-годишниот играч настапува за Спарси од 2013. година и има уште една година од истекот на договорот, поради што потенцијалните клубови се оптимисти со причина.

Данецот оваа сезона одигра 51 натпревар за Тотенхем во сите натпреварувања и запиша 10 погодоци и дури 17 асистенции, со што беше еден од најважните играчи на Спарси.

Тотенхем за Ериксен бара 80 милиони фунти за клубовите надвор од Англија, додека цената за клубовите од Премиер лигата е 130 милиони фунти. Покрај Јувентус за услугите на Данецот интерес покажува и Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тензии во Манчестер Јунајтед: Хојлунд се жалел кај Тен Хаг од Бруно Фернандеш

Расмус Хојлунд оваа сезона покажа дека има потенцијал да го носи дресот на Манчестер Јунај…