Рубен Лофтус-Чик изјави дека одлучил да ги задржи добрите навики откако ги постигна првите погодоци во текот на 30 месеци поминати во лондонскиот клуб.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Овој фудбалер постигна хет-трик во триумфот на неговиот тим против Бате Борисов со 3:1 и тоа во комбиниран состав, а ова беше негов прв старт под водство на Сари.
„Да се постигнат три гола чуството е прекрасно, ова е мојот прв хет-трик земајќи ги во предвид и младинските категории. Никогаш до сега не сум успеал во тоа. Се чуствувам убаво.“
Младиот фудбалер вели дека не е лут што Сари не му дава многу прилика за игра.
„Единствената работа во мојата глава е добро да тренирам. Иако играм добро, многу е важно да вежбам и да ја одржувам кондицијата за да бидам во форма кога добијам прилика за игра.“
„Значи, прво и основно, морам да се држам на добрите навики – добро да се хранам, добро да спијам и добро да тренирам. Ако продолжам да работам така, добрите работи ќе дојдат со сигурност.“