Сара Ристовска го продолжи договорот со ЦСКА Москва и официјално стави потпис на нов договор.
За ЦСКА Ристовска настапува од 2019 година кога пристигна од Крим и со овој тим учествуваше на фајнфор турнирот во Лигата на шампионите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако се уште се на сила санкциите руските клубови да не настапуваат во европските купови, тоа не беше пречка Ристовска да ја продолжи соработката.
„ЦСКА е едно големо семејство, пресреќна сум што потпишав нов договор и што ќе продолжам тука. Навистина сум пресреќена, го научив јазикот и запознав многу добри луѓе тука.
Верувам дека ќе продолжиме заедно да остваруваме добри резултати. Сакам да се заблагодарам и на навивачите за искажаната поддршка“, изјави Ристовска.