Со вчерашниот пораз од Романија, Македонија го заврши настапот на Европското првенство со одиграни три натпревари во групната фаза.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Долго време женската сениорска репрезентација чекаше да биде дел од големите натпреварување, а сега благодарение на тоа што Македонија беше еден од домаќините имаше можност. На социјалните мрежи по завршувањето на првенството се огласи една од најискусните во нашите редови.




Сара Ристовска има 26 години, но зад себе има големо искуство затоа што од тинејџерските денови е дел од репрезентацијата.




„Некогаш победуваш , некогаш губиш . Али самата главна цел е нешто да научиш . Беше прекрасно искуство да се игра на Европско Првенство . Каква атмосфера , какви навивачи . 10 години чекав да го доживеам тој момент . Едно големо БЛАГОДАРАМ ДО СИТЕ што беа со нас до последните 180 минути . Горда сум на своите девојки . Горда сум што сум МАКЕДОНКА .
Со срце за Македонија“, порача Ристовска.