Дома Македонски спорт Сараево ја прифати оставката на Васоски, фудбалерите изненадени

Сараево ја прифати оставката на Васоски, фудбалерите изненадени

Македонскиот стратег Александар Васоски вчера изненадувачки си поднесе оставка од босанскиот клуб. Сараево денес и официјално ја прифати оставката на Васоски, а од неговото заминување изненадени се и фудбалерите.

Васоски оставката ја поднесе после ремито во градското дерби против Железничар. Фудбалерите на Сараево не очекувале ваков развој на настаните.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Бевме изненадени од оставката на Васоски, ништо не најавуваше таков развој на настаните. Но, ја почитуваме одлуката, балгодарен сум затоа што станува збор за одличен стручњак и човек. Во Сараево е така кога нема резултати, клубот не трпи никого. Потребно е време за да се направио нешто, а тука се сака веднаш“, изјави стрелецот на голот во дербито со Железничар, Асмир Шуљиќ.

Сараево потврди дека ја прифаќа оставката.

„УО на Сараево на чело со претседателот Исмаил Мрвиќ ја прифаќа оставката на Александар Васоски на кого му се заблагодаруваме за ангажманот во клубот. На Васоски и неговите соработници Раденко Бојовиќ и Михајло Костиќ им посакуваме се најдобро во иднина. Одлуката е донесена поради незадоволствот оод резултатите во спортскиот дел“, соопшти Сараево.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …