Двата италијански гиганти Милан и Интер сериозно ја разгледуваат идејата заедно да изгарадат нов стадион во Милано.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Двата милански гиганти ќе ги обединат силите не само за реконструкцијата на „Сан Сиро“, туку и за изградба на нов, модерен стадион.
Ова денес го потврди претседателот на Милан, Паоло Скарони и истакна дека двата клуба веќе постигнале начелен договор.
„Јас ги претставувам сопствениците на Милан, компанијата Елиот која е спремна да инвестира многу во клубот. Новиот стадион е од клучно значење, во напредни преговори сме со Интер и најверојатно заедно ќе изградиме нов стадион“, изјави Скарони.
„Оваа сезона не играме на најдобро ниво, но сме на четвртото место и тоа е најважно. Сакаме да се вратиме во Лигата на шампиони и мораме да го задржиме четвртото место“, додаде претседателот на „росонерите“.
#Milan e #Inter unite per il nuovo stadio di Milano: il piano del presidente rossonero Scaroni ??https://t.co/06AbjMmSuY
— Goal Italia (@GoalItalia) December 20, 2018