Португалија и Македонија утре го играат бараж финалето за пласман на Светското првенство, а селекторот на Португалците Фернандо Сантош порача дека репер за тоа каква е Македонија не треба да биде мечот со Италија затоа што нашата репрезентација и претходно покажала квалитет.
Искусниот стратег порача дека ако Португалија сака да победи ќе мора да игра со голем интезитет и креативност пред се.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Последниот натпревар на Македонија во кој ја победија Италија не смее да биде наш единствен пример, тие се квалитетна репрезентација и затоа им ги анализираме и останатите натпревари. Ја победија Германија и во првото полувреме не им дозволија на Германците да играат фудбал, тоа значи дека имаат квалитетни фудблаери, посебно тука е Елиф Елмас. Како што за нив сењ вели дека ова е меч на живот или смрт, така е и з нас. За победа мораме да бидеме највисокото ниво и да покажеме интезитет и креативност“.
Според него нема повеќе или помалку притисок кај некого, затоа што за сите влогот е Мундијал.
„Притисокот е ист кај сите, кој не сака да оди на Мундијал. Ако Македонија не ја победеше Германија немаше да биде во плеј-офот, а таму ја елиминира Италија и тоа доволно зборува со каква репрезентација ќе играме. Но, не се плашиме од Македонија треба да бидеме страсни и да веруваме во победата“, изјави Сантош.
Натпреварот кој ќе одлучува кој ќе оди на СП во Катар се игра утре од 20:45 часот.