Селекторот на португалската репрезентација Фернандо Сантош и една од ѕвездите, Бернардо Силва со голем респект зборуваа за македонската репрезентација.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
После победата над Италија, македонската репрезентација и гостува на Португалија во финалниот бараж за пласман на Мундијалот.
„Против Македонија треба да покажеме почит кон противникот каков што би имале да беше Италија наш ривал. Овие мечеви не се шега. Финале е и се може да се случи. Мора да бидеме фокусирани како што бара еден ваков натпревар. Екипа која оди на теренот на европскиот шампион и го победува, заслужува респект“, изјави Сантош.
„Македонија како гостин победи на четири од нејзините пет последни средби во квалификациите за СП. На две од нив против гиганти како Германија и Италија, и тоа кажува многу.Тие се агресивен тим, ќе нè притиснат и ќе дојдат со голема самодоверба. Притисокот кај нас секогаш постоеше затоа што не се работи за ривалот, туку за пласман на Светското првенство. Мораме да бидеме во Катар и не смееме да ги изневериме нашите навивачи“, изјави Бернардо Силва.