Управата на англискиот клуб Сандерленд го отпушти тренерот Крис Колман поради лошите резултати, откако клубот испадна во третата лига.
После одлуката за отпуштање на тренерот, американскиот бизнисмен Елис Шорт објави дека се согласил да го продаде Сандерленд на групата која ја предводи Стујуарт Доналд.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сандерленд втора година во низа испаѓа во понизок ранг, а пред само 12 месеци играше во Премиер лигата.
Колман е отпуштен бидејќи екипата ја предводеше до пет победи во 29 натпревари. Тој Сандерленд го превзема во ноември, кога го замени Сејмон Грејсон.
Шорт долго се обидуваше да го продаде Сандерленд, а во неделата објави дека го остава клубот финансиски силен и без долгови, прв пат од кога е тој сопственик. Сандерленд наредната година ќе се натпреварува во третата англиска лига – Лига 1, прв пат после 30 години.